Macedonian Powered by more than 113 volunteers who speak more than 45 languages Hurricane Katrina Team join now
|
|
Macedonian Translation provided by Gabriela Nikolova Бегалците за бегалците (RtoR) Време за враќање на долгот Како што сите знаеме, Америка со векови беше сигурно место за бегалците и емигрантите од целиот свет. Во оваа земја, освен родените Американци, сите ние сме бегалци или емигранти. Разликата е само во тоа кој кога пристигнал. За поголемиот број емигранти една од главните причини за напуштање на својата татковина се природните катастрофи или катастрофи предизвикани од самиот човек, и повеќето бегалци открија дека Америка и нејзиното население се најсигурно место за да се побара засолниште. Благодарение на Америка повеќето бегалци се сега на сигурно и повторно го градат своето семејство и својата нова татковина, САД, и имаат и свои потомства, кои се прва, втора или трета генерација на родени Американци. За време на природни катастрофи, или катастрофи предизвикани од човечки фактор, животот е тежок. Кога нема доволно храна, вода, санитарии и засолништа, животот е поинаков. Помошта е единственото нешто што ви треба за да излезете од ова. Поради тоа, доаѓањето во бегалски камп за голем број на бегалци претставува крајна цел. Ураганот Катрина е една од најлошите природни катастрофи во историјата на Америка. Илјадници луѓе се оставени без покрив над главата, стотици убиени, уништени милиони домови и избришан еден цел град. Сега на децата, старите, нашите браќа и сестри кои живеат во државите Луизијана, Мисисипи и Алабама, им е потребна вашата помош. Сега речиси милион Американци станаа бегалци. Ние мислиме дека е сега вистинско време да го вратиме нашиот долг. Ако сте биле во бегалски камп или емигрирале во Америка, сега е вистинско време да ја покажете вашата поддршка. Ова се однесува на луѓето кои емигрирале во Америка на било кој начин. Никој во Америка не го разбира животот на бегалец подобро од самите бегалци. Вашата приказна ќе ги инспирира луѓето да останат храбри и да го градат својот живот, вашите совети и способности на преживување ќе спасуваат животи. Вашето искуство како бегалец е потребно повеќе од било кога досега. Планираме активности за собирање средства за жртвите на ураганот Катрина од сите градови на САД-и. Ако вие и вашата организација сакате да бидете дел од ова, ве молиме да ни се јавите. Изработивме Интернет презентација каде што луѓето ќе можат да објавуваат соопштенија, настани, и да разменуваат идеи и приказни во целиот свет. Веб страницата ќе биде www.refugeetorefugee.org но имаме и привремена веб страница http://www.ethiotrans.com/rtor Ако имате било какви прашања во врска овој проект, може да не контактирате на: rtor@ethiotrans.com Благодариме,
|
|
Survivor to Survivor. A chance to Payback. Sep 3rd, 2005
Send mail to rtor@ethiotrans.com with
questions or comments about this web site.
|